Дали знакот „Холивуд“ е безбеден од пожарите?

Додека трите главни пожари на Палисадес, Хурст и Итон беснеат во околината на Лос Анџелес, уште еден помал пожар избувна во шумскиот дел на Холивуд Хилс вчера околу 18 часот по локално време. Пожарот Сансет оттогаш зафатил површина од повеќе од 40 акри, според Калифорниската служба за шумарство и заштита од пожар.

Дали Холивудската табла е во опасност од пожарите?
Холивудската табла на планината Ли не беше во непосредна опасност од пожарите до вчера и не беше во области со наредби за евакуација или предупредувања за евакуација.

Грифит Парк, кој ги вклучува Холивудската табла, Лос Анџелес ЗОО, Музејот на американскиот запад Автри и Грифит Опсерваториумот, се затворени како безбедносна мерка, потврди Џеф Заринам, претседател на Холивудската табла.

Пожарот Сансет во Холивуд Хилс се наоѓа појужно и југоисточно од Планината Ли, концентриран околу Паркот Рунјон Кањон, кој се наоѓа на околу 12 километри од Холивудската табла.

Пожарот Палисадес, најголемиот меѓу нив, зафатил дури 7.000 хектари и е целосно вон контрола. Слична ситуација е и со пожарот Лидија, кој зафатил 140 хектари, но и со пожарот Сансет, кој се простира на 17 хектари – двата се уште не се локализирани.

Пожарот Итон, кој изгорел 4.300 хектари, само делумно е ставен под контрола, со 10% локализација. Најголем напредок е постигнат со пожарот Хурст, кој ја зафатил површината од 345 хектари, но до сега пожарникарите успеале да го стават под контрола во мерка од 40%.

До четврток наутро, најмалку пет лица загинаа, додека пожарите Палисадес и Итон не беа контролирани, а пожарот Хурст беше контролиран одвај 10%, според податоците од Cal Fire.

Пред да започнат пожарите, Националната метеоролошка служба издаде највисок аларм за екстремни пожарни услови во округот Лос Анџелес и Вентура. Метеоролошката служба предупреди дека ветровите може да достигнат до 160 километри на час и во комбинација со ниска влажност и сува вегетација, резултатот може да биде опасен.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни