Дали знаевте дека има уште еден „папа“ во Европа? „Папата Петар“ не е признат од Ватикан

Иако седиштето на Светата столица или Папата е во Ватикан, во Европа постои друга црква која го смета нивниот водач за вистински и единствен Папа, а односите меѓу Ватикан и нив се заладија од 1978 година.

Имено, во местото Ел Палмар де Троја во Шпанија од 1978 година постои Палмарска христијанска црква со која моментално раководи Маркус Јозеф Одермат (59), човек кој го носи папското име на папата Петар III.

Историјата на црквата е поврзана со конфликтот во Ватикан што следеше во 1978 година, кога почина папата Павле VI. Иако бил во лоша здравствена состојба поради низа болести, Палмарската црква тврди дека римската курија го дрогирала папата со години и со тоа му отежнувала да ги извршува своите должности.

Во овој период, во Шпанија се зборува за човек по име Клементе Домингез Гомез, кој тврдел дека има визии за Дева Марија во кои таа ја осудувала ерес и прогресивизмот на Римокатоличката црква. Во тоа време, Домингез основал свој религиозен ред, тврдејќи дека постапува според упатствата на Дева Марија.

Во мај 1976 година тој целосно го изгубил видот во сообраќајна несреќа, но сепак тврдел дека има визии во кои му било кажано дека „тој ќе биде Петар што доаѓа, папата што ќе ја зајакне верата и црквата“.

Тврдејќи дека е наследник на папата Павле VI, Домингез се прогласи себеси за папа Григориј XVII во 1978 година, а неговите следбеници решија целосно да ги прекинат врските со Ватикан.

Исто така, во оваа црква нагласуваат дека со смртта на папата Павле Шести заврши општото отпадништво на Римокатоличката црква.

„Спротивно на вистината, на отпадничкото седиште во Рим е поставен лажен пастир: злобниот антипапа Јован Павле I. Масон, волк во јагнешка облека“, велат тие.

Овој папа ја водеше црквата во Шпанија до 2005 година, по што беше наследен од папата Петар Втори, кој ја имаше функцијата до 2011 година.

Оттогаш до денес, црквата ја води папата Петар III, односно Маркус Одермат, кој по потекло е од Швајцарија.

Тој, како и неговите претходници, тврди дека Палмарската црква е единствената автентична христијанска црква (Една, Света, Католичка, Апостолска и Палмарска црква).

„Епископите, свештениците и ѓаконите кои се надвор од Едната, Света, Католичка, Апостолска и Палмарска Црква немаат моќ валидно да вршат никаков чин на свештеничка служба“, се наведува во упатствата.

Иако нема точни податоци, се претпоставува дека на оваа црква припаѓаат меѓу 1.000 и 2.000 верници.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни