Дали знаете за што служат испакнатините на капаците од чашите на Мекдоналдс?

Дали некогаш сте се запрашале за што служат испакнатините на капаците на чашите на Мекдоналдс? Тие имаат јасна улога за која многумина не размислувале.

Обожавателите на овој популарен ланец за брза храна беа изненадени откако ја дознаа вистинската функција на овие испакнатини. Имено, тие служат за означување кој пијалок се наоѓа во вашата чаша.

Поконкретно, тие покажуваат дали чашите содржат стандардна Кока Кола, Зеро или диетална Кока Кола. Иако на клиентите не им значи многу, оваа карактеристика многу им помага на вработените да знаат кои пијалоци им ги даваат на клиентите.

Некои луѓе беа заинтересирани за тоа како вработените одредуваат кој дел го притиснат. Наводно, испакнатините ги претставуваат броевите еден и два. Ако се притисне само една испакнатина, тоа значи дека треба да се служи диетален пијалок.

Извор:

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни