Сè започнало во 1865 година, кога финскиот рудар Фредрик Идестам ја основал мала фабрика за хартија. Тој ги искористил природните ресурси и моќните води на реката Тамеркоски, каде го поставил својот прв погон. Бизнисот растел, и наскоро Идестам отворил уште една фабрика — овој пат покрај реката Нокијанвирта.
И токму тука почнува историјата на името.
Фабриката добила име по реката: Nokia. Но ова име криело повеќе од географија — на финскиот јазик, зборот „nokia“ се користел и како опис за „темно, крзнено животно“, најчесто куна. Првиот лого на компанијата дури и го вклучувал ликот на риба, симболично поврзана со реката и природата околу неа.
Како минувале децениите, компанијата се трансформирала: од фабрика за хартија, преминала кон гума, кабли, потоа електроника и, на крајот, мобилна технологија.
Најголемиот момент на слава доаѓа во 2000 година, кога Nokia го претставува моделот 3310 — телефон кој станува икона на едно време. Робустен, едноставен и речиси „неуништив“, 3310 го освои светот со својата издржливост и популарната игра Snake.
Денес, градот Нокија, каде што е и официјалното седиште на компанијата, брои околу 30.000 жители. Но, во историјата, ова мало место останува запаметено како родното место на име што означува технологија, иновација и носталгија.
Некој на интернет еднаш се пошегувал:
„Дали има споменик на Nokia 3310 во градот Нокија?“
И ако нема — можеби е време да се изгради.
Извор: N1info.rs