Триаголниците на патот, ги збунуваат возачите но тие имаат важна функција во сообраќајот
Бели триаголници се нацртани на внатрешната страна од линиите што ја означуваат границата на сообраќајната лента. Поради нивната форма, тие личат на заби, поради впечатокот дека патот се стеснува, возачите возат повнимателно.
Дали некогаш сте слушнале за ознаки на патот што ги принудуваат возачите да забават? Во Шпанија, каде што веќе се користат на неколку места, велат дека функционираат подобро од многу други мерки за брзина на патот.

Со децении, сообраќајните експерти истражуваат начини за намалување на сообраќајните несреќи, подобрување на безбедноста на патиштата и наведување на возачите да возат според правилата.
Покрај веќе познатите методи како што се радари, лежечки полицајци, полициски патроли и драконски казни, во Шпанија користат и генијални ознаки на патот, кои влијаат на човековата перцепција за самиот пат. Ова се оптички илузии и не се ништо ново во сообраќајот, бидејќи веќе постојат 3Д знаци пред пешачките премини кои ги принудуваат возачите да забават.
Сепак, Шпанија одлучи да користи многу специфична оптичка илузија на патот, која ја нарекуваат „змејови заби“.

Бели триаголници се нацртани на внатрешната страна од линиите што ја означуваат границата на сообраќајната лента. Поради нивната форма, тие личат на заби, а како што пишуваат странските медиуми, вакви знаци се појавиле во многу шпански градови, вклучувајќи ги Бургос и Мадрид. Овие карактеристики создаваат чувство дека патот се стеснува, па возачите возат повнимателно.
Првичните извештаи укажуваат дека бројот на несреќи е намален на местата каде што постојат овие знаци и дека возачите возат повнимателно и побавно поради впечатокот дека патот се стеснува.