Тивок срцев удар е срцев удар кој има многу малку или никакви симптоми, или има симптоми кои не се препознаваат како срцев удар. Тивок срцев удар можеби не предизвикува болка во градите или отежнато дишење, што се типични знаци на срцев удар – објаснува д-р Река Манкад од клиниката Мајо.
Според неа, луѓето кои доживуваат тивок срцев удар честопати дури и не знаат дека им се случил.
Тие обично мислат дека имаат горушица, грип или истегнат мускул на градите. Сепак, тивок срцев удар, како и секој друг срцев удар, вклучува блокада на протокот на крв во срцето и можно оштетување на срцевиот мускул.
Факторите на ризик за тивок срцев удар се исти како и за срцев удар со изразени симптоми, и тие вклучуваат:
- Возраст
- Дијабетес
- Прекумерна телесна тежина
- Семејна историја на срцеви заболувања
- Висок крвен притисок
- Високо ниво на холестерол
- Недостаток на физичка активност
- Претходен срцев удар
- Употреба на тутун

Тивок срцев удар може да не предизвика болка во градите или отежнато дишење, што се типични знаци на срцев удар.
Тивок срцев удар го зголемува ризикот од уште еден срцев удар, кој може да биде фатален. Нов срцев удар, исто така, го зголемува ризикот од компликации, како што е срцева слабост – предупредува докторот и додава:
,,Не постои тест што може да го покаже ризикот од тивок срцев удар. Здравствен работник може да провери за фактори на ризик и да ги третира оние што можат да се третираат, што може да ги намали шансите за тивок срцев удар. Единствениот начин да се знае дали некој веќе имал тивок срцев удар е преку снимање, како што се електрокардиограм (ЕКГ) или ехокардиограм. Ако мислите дека сте имале тивок срцев удар, разговарајте со вашиот лекар. Прегледот на вашите симптоми, медицинската историја и физичкиот преглед може да му помогне на вашиот тим за нега да одлучи дали се потребни дополнителни тестови”.