Дали знаете колку вашето куче треба да јаде? Ветеринари предупредуваат на една лоша навика

Кучињата се целосно зависни од луѓето, особено кога станува збор за основни аспекти на секојдневната грижа, како нега, физичка активност и правилна исхрана.

Власникот е одговорен за здравјето, благосостојбата и долговечноста на домашниот миленик. Правилната исхрана, особено фреквенцијата на оброците, игра клучна улога во одржувањето на здравјето на кучето.

Кучето треба да јаде двапати дневно

Ветеринарите од Vcahospitals препорачуваат кучето да се храни најмалку двапати дневно. Ова најдобро одговара на потребите на нивниот организам.

Препораката се заснова на природниот ритам на дигестија кај кучето. Желудникот на кучето е сличен на човечкиот – храната се вари неколку часа и потоа преминува во тенкото црево. По околу осум до десет часа, желудникот повторно се празни, предизвикувајќи чувство на глад.

Хранењето само еднаш дневно може да доведе до зголемена глад, нервоза, па дури и непријатност.

Предности на редовните оброци

  • Стабилен енергетски баланс: Два оброци дневно помагаат кучето да ја одржи својата енергија за секојдневни активности, прошетки и игра.
  • Подобро однесување: Структурираниот режим на хранaње, особено кај штенци, е клучен за усвојување на здрави навики и правилна дисциплина.
  • Навики за извршување на нужда: Штенците често треба да одат во тоалет 10–15 минути по оброкот, па правилниот ритам на хранaње го олеснува ова.
  • Емоционална стабилност: За возрасни кучиња, редовните оброци создаваат чувство на сигурност и предвидливост, што им помага да се прилагодат на промени како нов член во семејството, преселба или чести гости.

Ветеринарите нагласуваат дека два оброци дневно – наутро и навечер – се неопходни за физичката и емоционалната стабилност на кучето, како и за долг рок на здрав живот и виталност.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни