Дали знаете колку микропластика се крие во кесичките чај?

Истражување од истражувачите на Автономниот универзитет во Барселона открило дека поединечни кесички чај може да ослободат милијарди микро- и нанопластични честички во секој милилилитар вода во која се потопени

Микропластиката стана присутна во речиси сите аспекти на нашиот живот, вклучувајќи ја храната и водата, а новите истражувања покажале колку микропластика може да се наоѓа во кесичките чај. Истражување од истражувачите на Автономниот универзитет во Барселона открило дека поединечни кесички чај може да ослободат милијарди микро- и нанопластични честички во секој милилилитар вода во која се потопени.

Тестирани се три вида кесички чај, а резултатите се загрижувачки:

  • Кесички од полипропилен ослободуваат околу 1,2 милијарди честички по милилилитар.
  • Кесички од целулоза емитуваат 135 милиони честички по милилилитар.
  • Кесички од најлон-6 ослободуваат околу 8,18 милиони честички по милилилитар.

Овие честички можат да преминат во човечките цревни клетки, потенцијално загрозувајќи го здравјето, додека истражувачите се залагаат за стандардизација на пластиката во амбалажата за храна за заштита на јавното здравје.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни