За разлика од другите мориња, тоа не е ограничен со копно, туку е дефиинрано од океанските струи, што значи дека нема плажа. Површината на Саргасовото Море е покриена со дебели слоеви кафеаво-жолти алги наречени саргасум, кои испуштаат непријатен мирис.
Специјална организација посветена на заштита на Саргасовото Море го нарекува „рај за биолошка разновидност“ бидејќи игра клучна улога во екосистемот на Атлантскиот Океан. Овде се мрестат загрозени видови јагули, а китовите, туната и другите риби мигрираат низ морето.
Покрај тоа, Саргасовото Море го поддржува животниот циклус на многу загрозени видови, вклучувајќи ја ајкулата и неколку видови морски желки. Затоа познатиот океанограф д-р Силвија Ерл го опишува како „златна пловечка прашума“.
Морето е фасцинантно не само за научниците, туку и за раскажувачите и морнарите. За прв пат е спомнато од Кристофер Колумбо во дневникот на неговиот брод во 1492 година. Неговите морнари се плашеле дека густите алги би можеле да ги заробат и да ги одвлечат до дното на океанот, додека мирните, без ветар области на ова море предизвикуваат стравувања дека никогаш нема да можат да се вратат во Шпанија.

Со текот на времето, Саргасовото Море стана дел од бројни легенди и народни приказни, а неговата слава дополнително се зајакна со поврзаноста со Бермудскиот триаголник – мистериозна зона помеѓу Бермудите, Флорида и Порторико, позната по необјаснетите исчезнувања на бродови и авиони.
Постоењето на Саргасовото Море е резултат на четири океански струи: Северноатлантска струја на север, Канарска струја на исток, Северноатлантска екваторијална струја на југ и струја на Антилите на запад. Овие кружни струи, познати како океански вртежи, практично заробуваат маса на вода во нив.
Познатиот писател Жил Верн во својот роман 20.000 лиги под морето го опишал како „совршено езеро во средината на Атлантскиот Океан“.
За жал, денес тоа „езеро“ е далеку од совршено.
Морето е сериозно загрозено од човечки активности – од поморски сообраќај, кој предизвикува бучава и загадување, до прекумерен риболов и акумулација на пластичен отпад. Поради вртложни струи, пластиката се собира во морето, формирајќи огромна пловечка депонија, која се протега на стотици километри и содржи околу 200.000 парчиња отпад на квадратен километар.