Дали знаете дека постои градинка за кучиња?

Двајца истражувачи на Универзитетот ,,Duke” развиле програма преку која гo проучуваат развојот на малите кученца и утврдуваат кои од нив би можеле да бидат сервисни, односно кучиња кои би им помагале на луѓето.

Следејќи го развојот на 101 куче, на возраст од 8 до 20 недели, тимот ги набљудувал развојот на меморијата, самоконтролата и способноста да побараат помош од луѓето – фактори коишто ја градат супер моќта на кучињата: поврзување и соработка со луѓето.

На возраст од осум недели малите кученца веќе се способни да го ,,прочитаат” начинот на којшто комуницираме преку гестови со рацете, експресијата на лицето и гласовните сигнали. На возраст од околу 10 недели ги разбираат основните човечки гестови. Кученцата исто така, почнуваат да решаваат проблеми. Оваа способност е важна, особено за кучињата коишто им помагаат на слепите лица. Кога кучето придружува лице со оштетен вид, човекот може да му даде команда којашто не е безбедна. Кучето мора да го препознае тоа додека ја добива командата и да го смени правецот поради нивна безбедност.

На крајот на програмата, кучињата коишто ,,ќе дипломираат” стануваат сервисни кучиња.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни