Ако мислите дека замрзнатата храна е само брза и практична опција, време е да ѝ дадете нова шанса. Фрижидерите во маркетите не кријат само готови оброци, туку и вистинско богатство на нутриенти во форма на овошје и зеленчук собрани во нивниот совршен момент на зрелост. Затоа нутриционистите сѐ почесто истакнуваат дека овие производи се подеднакво здрави, а понекогаш и похранливи од свежите.
Што вели науката?
Кога овошјето и зеленчукот се берaт, нивната нутритивна вредност веднаш почнува да се намалува. Но кај замрзнатите производи ситуацијата е поинаква – најчесто се замрзнуваат веднаш по бербата, додека се полни со витамини, минерали и антиоксиданси. Така, замрзнувањето ги „заклучува“ овие вредни состојки.
Спротивно на тоа, свежите производи често патуваат илјадници километри до нашите продавници, при што губат дел од својата хранлива вредност.
Истражувањата покажуваат дека разликата меѓу свежо и замрзнато овошје и зеленчук е минимална – а понекогаш замрзнатото дури има и повеќе корисни материи. На пример, овошјето што стои неколку дена во фрижидер губи дел од витаминот Ц и антиоксидансите, додека замрзнатите примероци ги задржуваат скоро во целост.
Едноставен состав и практичност
Голема предност е тоа што повеќето замрзнати овошја и зеленчуци не содржат адитиви. Ако на пакувањето пишува само „грашок“ или „малина“ – тоа е сѐ. Нема додаден шеќер, сол или конзерванси, бидејќи не се потребни. Доволно е да обрнете внимание на составот и да изберете производи со само една состојка – самата намирница.
Замрзнатата храна не само што е богата со нутриенти, туку е и спас за оние со малку време за готвење. Нема миење, сечкање или лупење – само ја ставате директно во тава, тенџере или блендер. Може брзо да се направи здрав и вкусен оброк – од смути со замрзнати боровинки до брзо површинско пржење со зеленчук и зачини.
Замрзнато не значи нездраво – напротив! Со паметен избор на производи од замрзнувач, можете да и го збогатите вашето дневно мени со витамини и минерали, заштедите време и да избегнете расипување на храна.