Дали во Белград се поставува сцена за судири меѓу граѓаните и режимот на Вучиќ?

Инциденти и тепачки помеѓу демонстранти и контрадемонстранти не се новост, а историјата на такви судири се влече уште од деведесеттите

Денеска во Србија сите патишта водат кон Белград.

Граѓани и студенти најавија голем сенароден протест против актуелалната власт под мотото „Видимо се за Видовдан“ (Се гледаме за Видовден) на кој ќе побараат организирање на предвремени избори.

Иако целосно е блокиран железничкиот превоз како што јавуваат српските медиуми илјадници граѓани со свои автомобили и мотори во моментов се упатуваат кон српската престолнина.

Големиот граѓански протест е закажан за во 18.00 часот на кој ќе се обратат повеќе говорници.

Но студентите и противниците на власта не се единствените кои вечерва ќе се соберат во Белград.

Во Пионерскиот парк во Белград веќе извесно време постои камп на поддржувачите на режимот на претседателот Александар Вучиќ, популарно наречен „Чациленд“.

Денеска, уште од рано наутро организирано токму таму се упатуваат приврзаници на владејачката партија СНС, а меѓу предводниците на една од колоните е и претседателот на партијата Милош Вучевиќ.

Приврзаниците на СНС носат маици со амблем „Не ја даваме Србија“.

Во Белград целосно исклучен е и јавниот превоз, а полициски единици се насекаде низ градот.

Опасност од можни судири

Српскиот претседател во денеска во текот на денот најави дека неговите противници ќе започнеле со насилство „помеѓу 20:45 и 21:45“ додавајќи дека „државата силно ќе реагира“.

За многумина противиници на режимот на Вучиќ ова е порака за заплашување, но и смислена акција да се испровоцираат насилни инциденти помеѓу студентите и поддржувачите на режимот.

Српските студенти и критички настроените граѓани по улиците на Србија се од средината на ноември и досега беа забележани стотици напади врз нив од кои речиси ниту еден не доби судски епилог.

Инциденти и тепачки помеѓу демонстранти и контрадемонстранти не се новост во Србија, во последните месеци се случија неколку такви инциденти, а историјата на такви судири се влече уште од деведесеттите и тогашните студентски протести каде што имаше и загинати лица од огнено оружје.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни