Може ли вештачката интелигенција да пишува научни трудови целосно сама? Сè повеќе изгледа дека може и тоа брзо и евтино, иако резултатите сè уште не се совршени. Научните истражувања обично се долги, скапи и комплексни, па токму тука се појавуваат алатките на вештачка интелигенција како помош.
Компанијата Sakana AI од Токио пред неколку години претстави систем наречен „AI научник“, кој наводно може сам да започне и заврши машинско учење и да произведе научен труд за многу мала цена.
Системот сам поставува хипотези, сам обработува резултати и дури сам го оценува квалитетот на трудот, задача што вообичаено ја вршат други научници.
Но првите тестови покажале дека резултатите биле далеку од совршени: недоволни објаснувања, застарени извори и понекогаш целосно измислени податоци, познати како „халуцинации“ во светот на вештачката интелигенција.
И покрај тоа, системот е значително побрз и поевтин од луѓето, наместо часови работа, потребни се само неколку часа и неколку долари. Подоцнежните тестирања покажале напредок: некои трудови генерирани од вештачка интелигенција дури поминале првични научни рецензии, иако на настани со пониски стандарди.
Сепак, експертите нагласуваат дека ваквите системи се сè уште ограничени. Тие се погодни за компјутерски истражувања („in silico“), но не можат да заменат лабораториска работа, теренски истражувања или интервјуа со луѓе.
Професорите предупредуваат и на ризик: ако науката премногу се потпре на вештачка интелигенција, може да се изгуби разновидноста на идеи и критичкото размислување.
Како што велат научницитеh, најголемиот ризик е слепото верување во резултатите што ги генерира ештачката интелигенција, бидејќи без човечка проверка, науката може да произведува повеќе „податоци“, но помалку вистинско разбирање. Вештачката интелигенција може да стане моќен асистент во науката, но не и целосна замена за научниците, барем засега.