Дали вештачката интелигенција ќе ги замени работните места? Извештај на Anthropic вели: одговорот не е толку едноставен

Извештај на Anthropic покажува дека AI засега повеќе им помага на работниците отколку што ги заменува – но влијанието зависи од професијата.

И покрај широко распространетите стравувања дека вештачката интелигенција (AI) ќе ги замени работните места, нов извештај на компанијата Anthropic покажува дека AI засега повеќе им помага на работниците отколку што ги заменува.

Истражувањето се базира на анализа на два милиона анонимизирани реални разговори со AI асистентот Claude, од бесплатните и платените услуги на компанијата, во ноември 2025 година.

AI повеќе „го преобликува“ трудот отколку што го уништува

Наодите се посложени од едноставното прашање „дали AI зема работни места“. Истражувањето покажува дека AI различно влијае врз различни професии, во зависност од видот на задачите.

Ова е нијансиран заклучок во однос на претходните изјави на извршниот директор на Anthropic, Дарио Амодеи, кој предупредуваше дека AI може да елиминира до половина од почетните „white-collar“ работни места.

Наместо само да мери колку често се користи AI, извештајот воведува нов концепт наречен „економски примитиви“.

Што се „економски примитиви“?

Овие показатели анализираат какви задачи им се даваат на AI системите, колку се сложени тие задачи, кое ниво на образование е потребно за да се разбере задачата и одговорот, колкава автономија му се дава на AI и колку успешно AI ја извршува задачата.

Целта, според авторите, е да се отвори „нов прозорец за разбирање на влијанието на AI врз економијата“.

Речиси половина од работните места веќе можат делумно да користат AI

Извештајот покажува дека 49% од работните места денес можат да користат AI во најмалку една четвртина од задачите. Тоа е раст од 13% во однос на почетокот на 2025 година

Најчеста употреба на AI е поврзана со програмирање и софтверски развој, односно задачи кои бараат надпросечно високо образование.

AI не ги погодува сите канцелариски работи исто

Anthropic заклучува дека AI може да ги надгради вештините на некои работници, но и да ги поедностави (deskilling) работните задачи кај други.

„Кај некои професии, AI ги презема најсложените задачи, а кај други – наједноставните“, се наведува во извештајот.

Големи разлики меѓу земјите

Постојат и јасни географски разлики во употребата на AI. Побогатите земји користат AI почесто и за работа и за лични цели. Посиромашните земји го користат AI повеќе за образование

Иако работните задачи доминираат во вкупната употреба, образовната употреба е највисока во земјите со понизок БДП по глава на жител.

Anthropic смета дека ова ја одразува различната фаза на прифаќање на технологијата.

Автоматизација или соработка со AI?

Истражувачите прават разлика меѓу автоматизација – AI целосно ја извршува задачата (на пример, превод). Надополнување (augmentation) – човек и AI соработуваат (пишување и уредување текст)

Резултати: 52% од работните разговори со Claude се од типот „надополнување“. Тоа е пад од 5% во однос на јануари 2025 година

AI сè уште греши – особено кај сложени задачи

Еден од клучните заклучоци, колку е покомплексна задачата, толку е помала успешноста на AI. Со зголемување на сложеноста, расте и потребата од човечка проверка и корекција

Поранешните проценки често претпоставувале дека AI секогаш успешно ја завршува задачата – што, според Anthropic, е нереално.

Како го користиме AI е поважно од тоа колку го користиме

Ова е четвртото издание на економскиот индекс на Anthropic, кој го следи влијанието на AI врз трудот и продуктивноста.

„Подготвеноста на корисниците да експериментираат со AI и регулаторната рамка што ќе ја создадат креаторите на политики ќе одредат како AI ќе ги трансформира економиите“, заклучува извештајот.


е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни