Често ги слушам речениците: „Без скандали“, „Намали со драмата“, „Немој да си хистерична“, „Искулирај“, „Среди си ги хормоните“, „Од ПМС-от ти е“. Како секоја емоција да мора да се намали, да се прилагоди, да стане прифатлива за светот околу мене.
Гласната жена не е хистерична. Емотивната жена не е нестабилна. Праведната жена не е бесна без причина. Моето тело, моите емоции, мојот глас не ме прават луда, ме прават гласна. Ме прават видлива, ме прават реална и ме прават способна да правам промени. Да го менувам светот.
Да си дозволам да бидам гласна, да се бранам, да чувствувам и да барам праведност, тоа не е мое лудило, туку е мое право. Неретко тоа е и отпор. Реакција на светот кој не секогаш сака да слуша.
Од вештеки до претерани „ситничарки“, перцепцијата и претчувството кое го имаат жените низ историјата се толкува како лудило. Но токму тие интуиции нè воделе, нè штителе и нè правеле силни. Гласот на жената кој не се вклопува во очекувањата на околината, секогаш бил „трн во око“ на системот.
Затоа денес, кога поставувам граници, не ги гледам како слабост туку како заштита. Критика не е драма, туку јасен глас кој бара промена. А гневот… Тој не е дефект, туку сигнал дека нешто мора да се промени. Радоста, љубовта, страста, тоа не се знаци дека сум жива.
Слушам, гледам и зборувам. Не молчам кога нешто е неправедно. Не се извинувам за чувствата што ги имам. Не се менувам заради очекувањата на другите. Не го правам тоа што го сакаат од мене, туку тоа што е правилно.
Ова е мојот простор, мојот глас, моето тело. И нема да се скријам. Не сега. Не никогаш.
.

