Приштина повторно ќе биде епицентарот на музичката еуфорија ова лето! Од 1 до 3 август 2025 година, “Sunny Hill Festival” го носи своето најголемо и најгламурозно издание досега. На сцената ќе се појават светски ѕвезди како Дуа Липа, Шон Мендез, Фетбој Слим, Пеги Гоу, Анима, Мочак – имиња кои гарантираат спектакл кој не се пропушта! Светските ѕвезди никогаш не биле поблиску – затоа што сето ова ќе се случува на локација која е далеку само еден час возење од Скопје!
Фестивалот ќе започне со моќен настап на Дуа Липа, која се враќа во родниот крај за да го отвори овој музички спектакл. Приштина ќе биде само една “станица” од нејзината светска турнеја “Radical Optimism”, што го прави овој настан уште поспецијален за сите тие кои ја ценат и следат нејзината музика.
Веднаш по неа, на сцената C4, ќе настапи Фетбој Слим – иконата на електронската музика, добитник на шест MTV награди, кој со својот незаменлив стил ќе ја носи публиката низ незаборавните хитови од целата негова музичка кариера.
Вториот фестивалски ден, 2 август, ќе го одбележи Шон Мендез, кој за првпат доаѓа во Косово! Светска ѕвезда, победник на MTV Europe Music Awards, глас кој ги полни арените ширум светот – од “O2” во Лондон до “Madison Square Garden” во Њујорк. Неговата енергија на сцена, докажана на “Rock in Rio” пред над 100.000 луѓе, ќе ја донесе и кај нас.

Истата вечер, на сцената C4, настапува и познатиот бразилски DJ Мочак, чии фанк ритми и ексцентричен настап веќе го вметнаа меѓу најдобрите DJ-ви на планетата – настапувајќи на фестивали како “Coachella” и “Primavera Sound”.
На финалната вечер, 3 август, главната сцена ќе му припаѓа на Анима – соло проектот на Матео Милери од Tale of Us. Се работи за авангардно аудиовизуелно искуство, каде што музиката и дигиталната уметност се спојуваат во една спектакуларна изведба кои ги поместуваат границите на класичните концерти.
Истата вечер на сцената C4, зад сетот ќе застане и моменталната глобална сензација Пеги Гоу, авторката на мегахитот “(It Goes Like) Nanana” – спремна да го затвори фестивалот со еден од највжештените сетови на летото.
Но, тоа не е сè!
Во програмата се вклучени и голем број други талентирани изведувачи, како: Artssassin, Bookie, Deezy со урбани ритми, Sainté и Sienna Spiro со свеж хип-хоп/алт-поп звук, Skream – пионер на дабстеп сцената, Sugar Rush, Tommy Gold, TSHA – позната по настапите на “Glastonbury” и “Lost Village”, како и незаборавниот Mygal B2B Edgar Kerri сет, за кој се очекува да биде едно од најенергичните изведби оваа година.
На сцената ќе се искачат и познати имиња од регионот како: Loredana, Lyrical Son, MC Kresha, Era Istrefi, Tayna, Kida, Ledri Vula, Adrian Berisha, DJ Caboo, Art Lokaj Band, Bana Zahiti, Blerta Përtace, Hawolf, Lluni, Sahati, Uran B., Yanina, Zwada и многу други.
Sunny Hill Festival е веќе препознат како еден од топ 10 фестивали во Европа, и е дел од листата на 25 најдобри фестивали во светот кои не смеат да се пропуштат оваа година!
Не чекај – обезбеди си карта и биди дел од магијата на “Sunny Hill Festival” 2025! Повеќе информации во врска со фестивалот и картите ќе можете да пронајдете на www.sunnyhillfestival.com
Од Скопје до Sunny Hill – Фестивалски пакети за сите нерезиденти
Доколку патуваш од Македонија или од било која друга земја од регионот, Sunny Hill нуди и комплетно организирани фестивалски пакети – карти, сместување во и превоз од Скопје, Тирана или аеродромите во близина.
“Со овие пакети, не мораш да трошиш време на организација – ние се грижиме за сè! Твоја задача е само да дојдеш, да се препуштиш на музиката и да уживаш!” – велат организаторите.
Повеќе информации поврзано со овие понуди можете да најдете на www.sunnyhilltravel.com