Дали сте слушнале за најкраткиот лет на светот кој трае само 90 секунди?

Авиокомпанијата која оперира со услугата Orkney Interisland од Кирквол до Северните Острови во Шкотска, ја реализира најкратката авионска рута во светот, помеѓу островите Вестреј и Папа Вестрај. Патувањето на оваа дестинација трае цели 90 секунди.

Секој остров во архипелагот Оркни на северот на Шкотска има своја уникатност и сите се совршени за набљудување на птици, прошетки и релаксација на плажа покрај стари светилници. Сето ова им е достапно на туристите благодарение на компанијата Orkney Interisland, која им овозможува на туристите да ’рипаат’ од остров до остров, пишува TU Magazine.


Сепак, летањето не е баш најудобното искуство, бидејќи во авионот има само осум седишта, а летот е проследен со безмилосна бучавата од моторот. Во самиот авион нема погодности, нема храна, пијалоци или тоалети.

Сепак, има нешто посебно во овој лет што, доколку не сте го знаеле претходно, би го сфатиле по речиси две минути патување. За само 90 секунди авионот повеќе нема да биде во воздух, ќе слета на пистата. Цената за повратен билет за еден ваков лет е околу 39 евра.

Според Гинисовата книга на рекорди, ова е најкратката авионска линија во светот, долга само 2,7 километри. Толку е мала што на повеќето комерцијални авиони им треба толку само за да се префрлат во воздух. Во ден со поволен ветер и мало оптоварување, на малиот шкотски авион му требаат само 53 секунди за да достигне брзина на крстарење.

Патувањето се одвива од два до три пати во денот, поврзувајќи го Вестреј, остров на работ на северниот шкотски архипелаг Оркни, со помалиот, уште пооддалечен остров Папа Вестреј. Во текот на целата година, тоа е спас за осумдесет луѓе кои живеат на островот. Летото носи и туристи, главно дневни патници, кои сакаат да искусат летање.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни