Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ утре ќе достави сто потписи на претставниците на владејачкото мнозинство за одржување на советодавен референдум за доверба на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, пренесуваат српските медиуми.
Брнабиќ и Миленко Јованов утре ќе одржат прес-конференција по овој повод.
Да потсетиме, CRTA објави дека огромно мнозинство граѓани не го поддржуваат српскиот претседател Александар Вучиќ.
По тој повод се огласи и претседателот Вучиќ кој побара референдум за доверба.
-Доколку се точни овие наводи на CRTА, невозможно е да останам на функцијата претседател на Србија и затоа, потребно е опозициските партии да достават само 67 потписи, а имаат над 80, за да организира советодавен референдум за претседателот на Србија. Легитимитетот е најважен во политиката, а суверенитетот секогаш произлегува од волјата на народот – порача претседателот Вучиќ во видео пораката.