Има ли нешто попримамливо од сланина? Парче сланина што се пржи на тавата ги осветлува дури и најоблачните утра. Тоа е нешто за кое сте секогаш расположени, без оглед на времето од денот или гладот. Меѓутоа, често слушаме дека не е здрава за нас и дека треба што помалку да ја јадеме, но дали е тоа всушност вистина?
Според Elite Daily, не е баш така, таа е всушност здрава за јадење. Полна е со протеини и витамини, а нема многу јаглехидрати. Ова се 14 причини зошто треба да ја јадеме почесто, без да имаме грижа на совеста.
Сланината е единствената храна која е и солена и слатка: Освен тоа, таа е и вкусна. Сланината е солено-слатко уживање во кое овие два вкуса се рационално распоредени. Тоа е храна која ги спојува спротивностите.
Воопшто нема јаглехидрати: Спротивно на популарното верување, мастите не дебелеат, туку тоа го прават јаглехидратите. Науката потврдува дека можете да изгубите тежина со диета со малку јаглехидрати. Многу луѓе мислат дека јаглехидратите ни даваат енергија, но тоа не е точно. Дури и нашите предци ја надополнувале својата енергија со масти. Мастите се многу поефикасни во одржувањето на енергијата. Избегнувајте јаглехидрати, јадете сланина.
Тоа е ултимативното оружје за мамурлак: Ништо не лечи мамурлак како мрсна сланина и шолја кафе. Тоа е универзална вистина. Нема подобар лек за мамурлак од сланина и чизбургер. Или чизбургер од сланина
Го намалува гладот: Сланината е богата со заситени масти, што значи дека ќе бидете посити подолго отколку ако внесувате јаглехидрати. Ако гладувате, слободно изедете малку сланина и ќе издржите од појадок до ручек или од ручек до вечера. Всушност, помеѓу сите оброци.
Понекогаш животот е подобар кога е малку крцкав: Факт е дека не е сè во животот мазно, а сланината докажува дека така е подобро. Пржената крцкава сланина не потсетува дека животот е вреден со сите негови пресврти.
Има ли нешто подобро од тоа да се разбудите со мирисот на пржена сланина? Особено ако се пржи во вашата кујна. Без разлика каква ноќ е зад вас и каков ден е пред вас, мирисот на сланина наутро сигурно ќе ви го подигне расположението.
Полна е со витамини: Сланината е полна со есенцијални витамини од групата Б, кои ни се потребни за одржување на нашиот имунолошки систем. Содржи 65 отсто од препорачаниот дневен внес на тиамин, 47 отсто ниацин, 38 отсто витамин Б12 и 36 отсто цинк. Заборавете на мултивитамините и свртете се кон сланината.
Не плашете се понекогаш да станете мрсни: Добро е да се валкате одвреме-навреме, особено ако тоа го правите со сланина.
Лесна за подготовка: Сланината е остварување на сонот на сите мрзливи луѓе, лесна за подготовка, а во исто време многу вкусна и здрава. Можете да го подготвите и во микробранова печка.
Можете да ја ставите речиси на се и може да биде дел од секој оброк: Сланина за појадок? Тоа може! Сланина за ручек? Тоа може! Сланина за вечера? Тоа може! Сланина секогаш звучи добро, без разлика на времето од денот.
Дури и кога е лоша, добра е: Она што ја прави посебна сланина е тоа што не може да биде лоша. Навистина, понекогаш е тешко за џвакање и претерано тврдо, но сепак може да се јаде. Секогаш ќе има подобар вкус од брокулата, нели?
Секој има свој фактор: Секогаш постои начин да уживате во сланина, и покрај какви било ограничувања. Не ви се допаѓа свинско месо? Што ако вашата вера ја брани вашата сланина? Тогаш мисиркината сланина е за вас. Можете да добиете сланина од кое било животно. Бекон е универзален јазик.
Богата е со протеини: Протеинот е клучна состојка во здравата исхрана, а за среќа, сланината е полна со протеини.