Извори од Вашингтон за Ал Џазеира соопштиле дека дека испраќањето трупи во Иран е нешто што САД го разгледуваат.
Отсуството на војниците е забрането, некои обуки се одложени, а луѓето сега се преобучуваат на други начини – а тоа би сугерирало дека, како што би се очекувало во ваква ситуација, веројатно постојат планови во тек доколку врховниот командант нареди каков било вид копнена инвазија.
Тоа би можело да се случи на еден од два начина: Едниот би можел да биде инвазија на начин што го знаеме – но за тоа, според аналитичарите со кој разговарала Ал Џазеира би биле потребни некаде околу половина милион војници,и не е јасно дали САД се во позиција да преместат толку сила во регионот за релативно краток временски период.
Другата алтернатива би била некаков вид операција на специјалните сили на терен во Иран. За тоа се зборуваше во минатото, а се зборуваше дури и во последните 24 до 48 часа, каде што специјалните сили би биле употребени за обезбедување на залихите од збогатен ураниум на Иран.
Очигледно, тоа нема да се случи во моментов. Постојат многу причини за тоа, вклучувајќи го и континуираното бомбардирање на Иран.
Тоа едноставно го отежнува работењето на терен, но очигледно е нешто што би можело да се искористи во иднина доколку Белата куќа одлучи да ја прошири оваа операција од само воздушна војна на нешто на терен.