Дали рерната мора да биде загреана пред да се стави храната или тоа е само мит?

Претходното загревање на рерната овозможува правилен и моментален почеток на печењето. Кога внатрешноста на рерната ќе ја достигне посакуваната температура, храната почнува рамномерно да се обработува

Иако претходното загревање на рерната може да изгледа како нешто очигледно или дури непотребно, токму овој чекор често е тоа што го разликува просечниот оброк од оној кој ќе го паметиме.

Сите сме научиле од нашите мајки дека рерната најпрво треба да се загрее, но дали и денес тоа важи?

Палењето на рерната не значи дека таа веднаш е подготвена за печење.

Иако изгледа дека е доволно само да се подеси температурата и да се стави јадењето внатре, многу оброци на крајот излегуваат нерамномерно печени, со помалку вкус или дури и небезбедни за консумирање поради тоа.

Тоа е грешка што многумина ја прават – сосема непотребно.

Топлината која прави разлика
Претходното загревање на рерната овозможува правилен и моментален почеток на печењето. Кога внатрешноста на рерната ќе ја достигне посакуваната температура, храната почнува рамномерно да се обработува, пишува Večernji list.

Кај десертите, тоа значи правилно нараснување, убава коричка и мека средина. Кај месото, разликата е уште поочигледна – надворешноста добива златно-кафеава боја, додека соковите остануваат заробени внатре.

Ако јадењето се стави во студена рерна, може да почне да се суши наместо да се пече. Резултатот е суво месо, непријатна текстура и губење на вкусот. Дури и кај навидум едноставни јадења, овој чекор често го одредува крајниот резултат.

Прашање на безбедност, не само вкус
Температурата има дополнителна улога, особено при подготовка на сирово месо. Храната што премногу долго останува во температурниот опсег од пет до 60 степени Целзиусови станува идеална подлога за развој на бактерии.

Претходното загревање на рерната го скратува тоа критично време, па месото побрзо се обработува до безбедна внатрешна температура.

Истото важи и за јадења кај кои термичката реакција со средства за нараснување е важна. Ако рерната не е доволно топла, реакциите едноставно не функционираат како што треба. Резултатот е збиено, тешко и визуелно непривлечно јадење.

Постојат исклучоци, но ретки се
Во некои случаи, овој чекор може да се прескокне. Кога подгревате готови јадења, како парче пица, печен компир или тестенини од претходниот ден, претходното загревање не е неопходно. Но, дури и тогаш, рерна што веќе е загреана ќе ја заврши работата побрзо и поровномерно. А резултатот е совршена пица.

Кај јадења каде што структурата и волуменот не се пресудни, може да се заштеди малку време. Но таму каде што е важен секој детал – од крцкавата коричка до меката средина – претходното загревање на рерната е основен услов.

Мала навика, голема разлика
Потребни се само неколку дополнителни минути. Резултатот е јадење што импресионира со изглед, вкус и текстура. Храната нема само да изгледа подобро – ќе биде и побезбедна, и попријатна за јадење.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни