Самитот ќе се одржи во воздухопловната база Елмендорф-Ричардсон во Алјаска.
Руски државен авион слета во Алјаска пред утрешната средба меѓу Трамп и Путин, објави Flightradar24.
Авионот полета од Москва во 7:50 часот по локално време и слета на меѓународниот аеродром во Анкориџ.
Влезе во американскиот воздушен простор околу 5:15 часот по локално време.
Според веб-страницата за следење на летови Flightradar24, во авионот имало руска делегација. Не е јасно дали Путин е во него.
The Russian delegation for the meeting between the Russian and US presidents in Anchorage is now in US airspace. https://t.co/fSAg1eS1t8 pic.twitter.com/ublJ7JOit9
— Flightradar24 (@flightradar24) August 14, 2025
Средбата меѓу претседателот на Русија Владимир Путин и претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп ќе се одржи утре во 11:30 часот по локално време, 21:30 часот по наше време, во Анкориџ, Алјаска, најави помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков.

Според него, самитот ќе се одржи во воздухопловната база Елмендорф-Ричардсон во Алјаска, а програмата е целосно договорена, објави Риа њуз.
Путин директно од рускиот во американскиот воздушен простор
Според извештаите на американските медиуми, Трамп ќе лета од Вашингтон доцна во четврток навечер, а ќе пристигне во Алјаска – поточно во градот Анкориџ – во петок наутро. Додека организацијата на патувањето за американскиот претседател е чиста формалност, руската страна има многу посложена задача.
Изворите наведуваат дека авионот на Путин до Алјаска ќе лета над Беринговиот теснец, со што би се избегнал преминувањето на меѓународните води и би влегол во американскиот воздушен простор директно од рускиот воздушен простор.