Дали признавањето на Палестина од неколку земји е почеток на притисок врз Израел или само симболичен чин?

Десетина земји ја признаа Палестинската држава пред и за време на Генералното собрание на Обединетите нации, и покрај силниот отпор на САД и Израел.
Palestine 2009. Israel's Wall in Bethlehem, West Bank.

Признавањето доаѓа по скоро две години војна во Газа и зголемени обвиненија против Израел.

Надер Салајме, фармацевт од источен Ерусалим, за N1 изјави дека признанијата се добредојдени, но дека е важно и останатите околу 40 земји што сè уште не ја признале Палестина, да го сторат тоа. Тој додава дека Палестинците се надеваат дека овие чекори ќе создадат притисок врз Израел за да се прекине конфликтот и насилството во Газа и на Западниот Брег.

„Кога ќе излеземе од дома, никогаш не знаеме дали ќе се вратиме живи“, вели Салајме, опишувајќи го секојдневниот живот под воена окупација и постојани закани. Израел, според него, продолжува со нелегални населби и насилство, а мирот не е возможен без конкретен притисок и санкции кон Израел.

Салајме додава дека Палестинците се подготвени за дијалог и дека вистински мир може да се постигне само преку преговори, а не преку оружје. Тој ги повикува и останатите држави да ја признаат Палестина, со главен град Ерусалим, за да се создаде меѓународен притисок за запирање на насилството.

Животот во услови на војна е тежок – секој ден граѓаните се соочуваат со бариери, контроли и страв за својата безбедност, додека економската ситуација се влошува. Салајме истакнува дека во вакви услови мирот е единствениот пат за нормален живот и соработка со соседните земји.

Извор:N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни