На видеото објавено на Јутјуб од корисникот „СОНЦОГОР“ се гледа како речното корито на Бабуна е празно и суво, а нејзината живописна клисура изгледа како пред пресушување.
Реката Бабуна извира на југоисточната страна на Мокра Планина под врвот Солунска Глава и протекува помеѓу планинскиот масив Јакупица од левата и планината Бабуна од десната страна. Таа е долга околу 53 километри, а кога беше полна беше дом на многу видови на риби и речни ракови.
Во објавеното видео се гледа споредбата од пред само еден месец, кога реката имаше вода и околината беше зелена, а сега се гледаат жолти лисја и речно корито во кое се останати само камења.