Дали некогаш сте виделе бебиња лемури? Нова и Еви се родени во Шкотска

Малите лемури се родени во шкотско сафари на 14 април, а по потекло се од Мадагаскар. Ова се две женски младенчиња. Сега живеат во Блер Драмонд Сафари и Авантуристички парк, во близина на Стирлинг. Станува збор за животински вид лемури со црно-бели пруги кој се смета за критично загрозен, а познато е дека во дивината останале само околу илјада единки.

Интересно е што тие се исклучително гласен вид на примати, од кои погласни се само мајмуните завивачи. Поради нивниот гласен плач лесно се наоѓаат, а се чести жртви на нелегалната трговија со егзотични миленичиња. Загрозени се и поради прекумерното уништување на шумите, уништувањето на живеалиштата и ловот од локалното население.

Токму поради оваа причина Блер Дармонд учествува во европската програма за одгледување на загрозени видови животни со цел да се заштитат лемурите. Кога ќе пораснат, се планира младенчињата да им се придружат на другите лемури кои живеат во „Земјата на лемурите“ во паркот. Засега можно е да се видат малечките во затворен простор каде што живеат со својата мајка.

Оригиналната објава погледнете ја ОВДЕ

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни