Дали навистина постои сезона на разводи?

Според една студија на Универзитетот во Вашингтон се потврдило дека навистина постои период од годината кога браковите почнуваат да се „нишаат“, а следствено на тоа и да се растурат.

Според податоците кои почнале да се обработуваат од 2016 година се покажало дека тоа е периодот на почетокот од годината, односно во март и април. Истражувањето го спровеле професорката по социологија Џули Бринс и докторантот Брајан Серафини, кои заклучиле дека брачните другари откако ќе ја пребродат зимата се опуштаат и тогаш се соочуваат со кризи.

„На почетокот на годината има надеж за нов почеток, но тој оптимизам се менува по завршувањето на празниците“, објаснуваат тие.

Меѓу другото констатирале и дека празниците се тие кои ги разбудуваат емоциите, но тоа нагло трошење на емоциите предизвикува истрошеност на долг рок

„Секогаш влегуваме во празниците полни со очекувања и се трудиме да ги направиме што е можно поубави, но кога ќе завршат, останува тажната реалност која цело време се крие зад празничното расположение“, истакнуваат истражувачите од Универзитетот во Вашингтон.

Извор: n1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни