Дали настинките кај мажите се потешки од кај жените или едноставно потешко ги поднесуваат?

Некои стручњаци велат дека мажите и жените всушност можат различно да реагираат на настинка, а според многу истражувања мажите можат да имаат повеќе симптоми од жените кога настинуваат, пишува „Вебмд“.

„Што се однесува до настинките, може да има некакво родово влијание. Женскиот полов хормон естроген ја забавува брзината на репродукција на вирусот, што може да доведе до помалку симптоми. Вирусот на грип може да не се шири толку брзо кај жените поради естрогенот и начинот на кој телото на жената реагира на него. „Студиите не покажаа дали истото важи и за вирусот на обична настинка“, вели д-р Ким Темплтон, хирург од болницата на Универзитетот во Канзас, кој направил опширно истражување за родовите разлики во здравјето.

Тој наведува и дека делот од мозокот кој ја контролира телесната температура е поголем кај мажите поради тестостеронот.

„Ова може да доведе до повисоки температури кај мажите во споредба со жените“, вели д-р Темплтон.

Но, овие работи можеби немаат големо влијание во справувањето со болестите. Д-р Арон Е. Глат, претседател на одделот за медицина во болницата за заедници во Јужна Насау, вели дека постојат мали, но не премногу значајни разлики во имунолошкиот систем на мажите и жените.

Културолошки фактори
Културните фактори играат голема улога во тоа како мажите ја доживуваат болеста, вели Вилијам С. Поло, автор на „Вистински момчиња: спасување на нашите синови од митовите за детството“. Тој објаснува како, историски, мажите биле научени да мислат дека мора да бидат „бескрајно способни и секогаш успешни“.

„Значи, ако добиеме било каков вид на болест, правиме голема работа од тоа затоа што изгледа како голема работа. Ова ни создава уште поголеми проблеми бидејќи треба да бидеме непогрешливи“, вели тој.

Со други зборови, мажот мора да мисли дека неговата настинка е чекор до смртта, инаку тоа не би му пречело – а бидејќи, се разбира, тоа го прави – тој претерува.

Извор: danas.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни