Дали може да се ,,влезе во глава” на силувачот?

Силувањето е едно од најстрашните и најпонижувачките искуства. Тоа секогаш ја остава жртвата со чувство на бес и омраза кон себе, и може да предизвика посттрауматски стресен пореметувач


На ова прашање тешко е да се даде еден одговор. Тешко е да се дадат и многу одговори. Сепак, бројни научници досега се обидувале и дошле до некои заклучоци. Судењето на Доминик Пелико, кој ја дрогирал својата сопруга Жизел Пелико и организирал силувања, заврши во прв степен со осуда на дваесет години робија, пишува DW.

И десетици силувачи, кои ги донел во неговиот дом, исто така се осудени на казни од три до дваесет години.

Силувањето е едно од најстрашните и најпонижувачките искуства. Тоа секогаш ја остава жртвата со чувство на бес и омраза кон себе, и може да предизвика посттрауматски стресен пореметувач.

Зошто мажите силуваат?
Ова е сложено прашање со повеќе одговори бидејќи на силувачот влијаат повеќе фактори. Не постои еден одреден тип на личност која ќе го изврши тоа злосторство.

Тоа го открил д-р Самуел Д. Смитмен, американски клинички психолог, кога во седумдесетите интервјуирал педесет мажи кои признале дека силувале.

Тие мажи имале различно минато и општествени статуси, како и различни личности и менталитети. Психологот бил изненаден колку без емпатија говореле за толку тешко кривично дело.

Мотиви за силување
Мотивите за силување на жени варираат и тешко е точно да се одредат. Меѓутоа, студиите покажуваат дека силувачите имаат одредени заеднички особини, како што се недостаток на емпатија, нарцизам и чувство на непријателство кон жените.

Токсична машкост
Шери Хемби, професорка по психологија на Универзитетот во Тенеси, изјави за DW дека „сексуалниот напад не е поврзан со сексуално задоволство или интерес, туку со доминација над другите“.

Хемби, која е и уредник на списанието Psychology of Violence, објасни како таканаречената „токсична машкост“ ја поддржува културата на силување.

„Многу пжсилувачи се млади мажи“, рече таа. „Во многу случаи, единствениот начин да се стекне општествен статус меѓу машките врсници е сексуално искуство, додека недостатокот на сексуална активност често се стигматизира“.

Според нејзиното мислење, овој притисок од врсниците може да ги натера мажите да извршат сексуални престапи бидејќи „многумина панично се плашат дека нивните врсници ќе ги разоткријат како сексуално неискусни“.

Дали силувањето е сексуална желба или чин на насилство?
Силувањето не е психолошко нарушување или ментален пореметувач, туку кривично дело. Иако некои силувачи може да имаат психолошко нарушување, не постои нарушување кое ги присилува луѓето да силуваат.

Еволуциониот биолог Ренди Торнхил и еволуциониот антрополог Крег Палмер веруваат, за разлика од Хемби, дека основниот мотив за силување всушност е секс.

Тие тврдат дека силувањето е адаптација – резултат на дарвинистичката селекција – и сметаат дека тоа се развило за да го зголеми репродуктивниот успех на мажите.

Тие нагласуваат дека повеќето жртви се жени се во репродуктивна возраст, што според нив ја поддржува нивната хипотеза дека силувањето произлегува од желбата за размножување.

Меѓутоа, нивната книга A Natural History of Rape: Biological Bases of Sexual Coercion била остро критикувана во научниот магазин Nature.

Магазинот навел дека доказите кои авторите ги цитирале биле манипулативни, пристрасни или дека „подеднакво ги поддржуваат и алтернативните објаснувања“.

Во суштина, повеќето социолози, психолози и феминистички активисти сметаат дека силувањето има речиси исклучиво врска со прашања за моќ и насилство.

Тие велат дека силувањето не е мотивирано од похотност, туку од желбата за контрола и доминација, и дека може да биде поттикнато од омраза и непријателство кон жените.

Непријателство кон жените
Силувачите често ги гледаат жените како сексуални објекти чија цел е да ги исполнат машките сексуални потреби. Тие често имаат погрешни уверувања, познати како митови за силување.

На пример, силувачот може да верува дека кога жена ќе каже „не“, всушност мисли „да“ и дека само се игра со него или го предизвикува.

Антонија Еби, социјална психологија на Универзитетот Вејн Стейт во Детроит, напишала дека еден многу стар починител верувал дека жената „само го игра со недопирливоста“. Друг верувал дека „повеќето жени на почетокот велат ‘не’, а мажот мора упорно да настојува за да утврди дали таа навистина мисли така“.

Еби ја цитирала уште еден многу стар починител кој рекол: „Се чувствував како да добив нешто на што имам право и како да ѝ враќам за тоа што ме возбудила сексуално .“ Тој човек ги опишал сите свои силувања како „моќни“, „возбудливи“ и „многу стимулативни“.


Постојат неколку типови на силувачи. Тука е опортунистичкиот силувач, кој ја користи шансата за сексуално задоволство, на пример кога жртвата ќе ја изгуби самоконтролата под влијание на алкохол.

Друг е садистичкиот силувач, чија мотивација е понижување и деградација на жртвите.

Осветољубивиот силувсч го насочува бесот и агресијата директно кон жените. Таков силувач верува дека има право сексуално да напаѓа жени затоа што смета дека жените во минатото му нанеле повреда, го одбиле или му нанеле неправда.


Сексуалниот напад е неоправдан чин на насилство и кривично дело. Во нашите општества многу жртви молчат за да избегнат стигматизација и обвинување, додека нивните силувачи остануваат слободни во потрага по следната жртва.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни