Истражувањето опфати 6.703 млади лица на возраст од 16 до 26 години, од Германија, Франција, Шпанија, Италија, Грција, Полска и Обединетото Кралство.
Најголема поддршка за демократијата има кај младите во Германија – 71% од испитаниците, додека најниска е во Полска, со само 48% кои изјавиле дека ја поддржуваат демократијата како политички систем.
И покрај мнозинската поддршка, 21% од испитаниците рекле дека под одредени услови би ја прифатиле авторитарната власт.
Во споредба со пред четири години, сè повеќе млади се самоидентификуваат десно од центарот, при што тој процент пораснал од 14 на 19%.
„Кај младите кои се позиционираат десно и се чувствуваат економски загрозени, поддршката за демократијата паѓа на само една третина. Тоа покажува дека демократијата е под притисок – и одвнатре и однадвор“, вели проф. д-р Торстен Фас од Слободниот универзитет во Берлин.
Од друга страна, расте и бројот на млади што се идентификуваат лево од центарот, особено во Германија, Франција и Италија.
Како младите гледаат на ЕУ и иднината на Европа?
51% од испитаниците се согласиле со изјавата:
„ЕУ е добра идеја, но многу лошо е спроведена“,
при што највисоко ниво на евроскептицизам е забележано во Грција, каде 63% ја поддржале оваа изјава.
40% од младите сметаат дека начинот на кој функционира ЕУ не е доволно демократски.
53% веруваат дека Унијата се занимава со тривијални теми, наместо со суштински проблеми како:
- кризата со трошоците за живот,
- зајакнување на одбраната од надворешни закани,
- создавање подобри услови за работа и економија.
И покрај ваквите критики, две третини од младите (66%) веруваат дека членството во ЕУ е добра работа, а дури 73% од младите во Велика Британија се изјасниле дека сакаат повторно приклучување кон ЕУ.
Сè покритички ставови кон миграцијата
Според истражувањето, младите стануваат сè покритички и кон прашањето на миграцијата:
38% сега поддржуваат построга миграциска политика, во споредба со само 26% во 2021 година.
Елке Хлаочек, директорка на фондацијата TUI, изјавила:
„Европскиот проект кој со децении носеше мир, слобода на движење и економски напредок, денес сè повеќе се перцепира како бавен и нефлексибилен.