Илон Маск изјави дека се откажува од купување на OpenAI, иако до сега одборот на OpenAI се уште не ја примил официјалната понуда на Маск и неговите партнери, што дополнително внесува нејаснотии во целиот потег на Маск. Адвокатот кој го застапува милијардерот Илон Маск и неговите партнери во судскиот поднесок истакнал што би било потребно за да се откажат од понудата за купување на непрофитниот дел од OpenAI.
Да потсетиме, Маск и неговите партнери поднеле понуда за купување на непрофитната организација која го контролира OpenAI во висина од 97,4 милијарди долари. На таа понуда, шефот на OpenAI, Сем Алтман, одговорил на платформата X (која исто така е во сопственост на Маск) со објава дека “не се заинтересирани, но би можеле за 9,74 милијарди долари да го купат Twitter од Маск”. Сега во официјалните документи се наведува дека Маск и неговите партнери можат да се откажат од понудата ако OpenAI се откаже од плановите да стане комерцијална компанија.
Маск и Алтман веќе подолго време се во конфликт околу OpenAI. Најпрво, Маск беше еден од соосновачите на овој стартап, но поради несогласувањата за насоката во која се развиваше, многу брзо излезе од него. Сега е решен да го спречи стартапот од реорганизација во комерцијална компанија, што е потег што во OpenAI сакаат да го направат за да обезбедат дополнителни инвестиции и да останат водечки на пазарот.
Алтман сака да ја реструктуира основната дејност на непрофитниот стартап во комерцијална компанија која повеќе нема да биде контролирана од непрофитниот одбор. Меѓутоа, тој дел и понатаму ќе продолжи да функционира и ќе има во своето сопствеништво дел од комерцијалната компанија. Маск покрена тужба против таквата организација на OpenAI.
Ако одборот на OpenAI е подготвен да ја задржи неговата непрофитна мисија и да се обврзе да ја отстрани ознаката “на продажба”, Маск ќе ја повлече понудата, стои во судските документи. Во спротивно, се наведува, таа организација мора да биде компензирана со високи износи. Се додава и дека Масковата “сериозна понуда” е наменета за продолжување на “непрофитната дејност”.
Од друга страна, одборот на OpenAI уште не ја примил официјалната понуда на Маск и партнерите, што дополнително внесува нејаснотии во целиот Масков потег.
Аналитичарите се согласуваат дека овој Масков потег го комплицирал планот на Алтман и може да го отежне преминот од непрофитна во комерцијална компанија, како и да го отежни пронаоѓањето нови извори на финансирање за OpenAI.