Дали навистина треба да се бањаат мачките? Експертите објаснуваат кога е неопходно

Иако важат за опсесивно чисти животни, постојат ситуации кога мачките едноставно не можат сами да се справат – и тогаш бањањето станува услов за здравје.

За разлика од кучињата, кои без двоумење ќе скокнат во кал, локва или дури и во кантa за ѓубре, мачките се симбол на чистота. Тие секојдневно трошат часови во темелно чистење на крзното: нивниот јазик, прекриен со микроскопски „кукички“, делува како природна четка што ги отстранува прашината, маснотиите и нечистотијата.

Токму затоа многу сопственици погрешно веруваат дека мачките никогаш не треба да се бањаат. Сепак, постојат состојби кои го надминуваат нивниот природен инстинкт.

Кога крзното доаѓа во контакт со лепливи, токсични или масни супстанци што не можат сами да ги отстранат, бањањето станува неопходно – бидејќи во спротивно може да дојде до иритации, воспаленија или сериозни кожни проблеми.

Мачките што се постари, болни, со прекумерна тежина, повредени или со ограничена подвижност, често не можат да ги одржат своите хигиенски навики како претходно. Најчесто не успеваат да ги достигнат деловите околу задниот дел од телото, каде што се таложат маснотии, нечистотии и мртва влакненца. Таквото натрупување создава непријатен мирис, чешање и воспаленија. Дополнително, мачките кои имаат кожни заболувања, габички, паразити или болви, имаат потреба од специјални шампони и третмани што ги препорачува ветеринар. Во овие случаи, бањањето е неопходен дел од медицинската грижа, а не само естетска постапка.

Бањањето на мачка претставува вистински предизвик, бидејќи секој нагол звук, брз потег или премногу ладна вода може да предизвика страв и паника. Затоа е важно да се создаде тивка, затоплена атмосфера и да се користи млака вода. Шаминот мора да биде исклучиво наменет за мачки, бидејќи препаратите за луѓе или кучиња можат да предизвикаат иритации или алергиски реакции. Треба внимателно да се избегнува поливање на главата и ушињата, бидејќи тие се исклучително чувствителни. По бањањето, мачката треба нежно да се замота во пешкир, да се исуши внимателно, а потоа да добие ужинка или галење за да го поврзе искуството со нешто безбедно и пријатно.

Мачките генерално не треба често да се бањаат, но постојат моменти кога тоа претставува вистинскиот знак на грижа. Тоа не е разгалување, туку начин да им помогнеме тогаш кога нивниот природен инстинкт не е доволен.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни