Клиничко испитување на Оксфорд

Дали крлежите можат да помогнат во лекувањето на дијабетес

оваа револуционерна“ студија може да го отвори патот за луѓето со оваа болест да не мора да инјектираат инсулин

Универзитетот во Оксфорд доби грант од 2 милиони фунти за да проучи дали плунката од крлежи може да ја отстрани потребата од имуносупресивни лекови за оваа состојба. Соред Diabetes UK, повеќе од 400.000 луѓе во ОК живеат со дијабетес тип 1, а моментално нема лек.

Рејчел Конор, директорка за истражување во организацијата Breakthrough T1D, рече дека „оваа револуционерна“ студија може да го отвори патот за луѓето со оваа болест да не мора да инјектираат инсулин, пишува Би-Би-Си.

Кај луѓето со дијабетес тип 1, имунолошкиот систем погрешно ги напаѓа и ги уништува бета клетките на панкреасот што произведуваат инсулин. Досега, терапии за замена на клетки доаѓаа со потреба од имуносупресиви. Но, паразитските крлежи еволуирале за да не бидат откриени од имунолошкиот систем.

Студијата ќе испита дали научниците можат да ја искористат моќта на крлежот да го спречи имунолошкиот систем да ги напаѓа заменските клетки кои произведуваат инсулин, елиминирајќи ја потребата од имуносупресиви.

Професорот Соумо Батакарија, професор по кардиоваскуларна медицина на Универзитетот во Оксфорд, рече дека тимот е „многу возбуден“ што добил средства „кои би можеле да го подобрат успехот на трансплантацијата на бета клетки“.

Д-р Елизабет Робертсон од Дијабетес ОК ја опиша студијата како „висок ризик, но висока награда“.

„Храбрите, најсовремени пристапи како овој ни помагаат да се приближиме до револуција во начинот на кој го третираме дијабетесот тип 1 и да го подобриме животот на оние кои се погодени од оваа состојба“, рече таа.

Истражувањето беше финансирано од Големиот предизвик за дијабетес тип 1, партнерство помеѓу Фондацијата Стив Морган, Дијабетес ОК и Breakthrough T1D.

Империјалниот колеџ во Лондон, Универзитетот во Ексетер и Универзитетот во Кембриџ, исто така, добија 2 милиони фунти финансирање за проекти поврзани со дијабетес.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни