Дали Килијан Марфи ќе биде новиот Џејмс Бонд

Фановите се прашуваат дали Килијан Марфи би можел да биде следниот Џејмс Бонд. Ова доаѓа откако новите извештаи тврдат дека тој е новиот фаворит меѓу холивудските ѕвезди  да се најде во главната улога на познатиот филм.

Медиумите објавија дека во Холивуд бараат нов актер кој ќе го игра Бонд. Ова следи по заминувањето на Даниел Крег од улогата по „Нема време за умирање“ од 2021 година. Па според ова ,,The Sun’’ тврди дека Марфи сега е во фокусот. Интересот следи по доделувањето на оскарите каде тој го доби оскарот за најдобар актер за неговата улога како Џеј Роберт Опенхајмер во филмот Опенхајмер од 2023 година.

Освен ова, теблоидите објавија и дека Барбара Броколи, продуцентката на филмовите за Џејмс Бонд, изминатава година го следела професионалниот напредок на Килијан Марфи.

Килијан Марфи докажа дека ги има актерските способности и квалитетите неопходни за да се справи со мирниот и прибран агент на МИ6. Одличен пример за тоа може да се види со неговиот настап во Peaky Blinders.

Дури и поранешниот актер на Џејмс Бонд, Пирс Броснан, му даде поддршка на Марфи како Џејмс Бонд во неодамнешното интервју за Би-Би-Си.

Сепак, самиот Килијан Марфи не е сигурен во тоа дали треба да ја преземе улогата. Тој неодамна изјави дека е премногу стар за да го игра ликот за време на интервјуто на Црвениот тепих за Оскарите.

Извор: https://www.yahoo.com/entertainment/james-bond-could-cillian-murphy-150035615.html

Најново

Последни колумни