Дали кафето без кофеин е штетно и како се врши процесот на декофеинизација?

Иако само околу 10 проценти од возрасните Американци редовно пијат кафе без кофеин, новите правила на Агенцијата за заштита на животната средина на САД (EPA) предизвикаа загриженост кај потрошувачите и еколошките организации: дали кафето без кофеин навистина е безбедно за здравјето?

Многумина секојдневно пијат кафе без кофеин за да уживаат во омилениот пијалак без страв дека ќе им го наруши сонот. Популарно меѓу лицата чувствителни на кофеин, бремените жени и постарите луѓе, оваа верзија на кафе која не предизвикува нервоза и треперење делува како безбедна и разумна алтернатива. Сепак, последниве месеци се појавија сомнежи за безбедноста на ваквото кафе – не поради кофеинот, туку поради начинот на негово отстранување од зрната.

Иако само околу 10 проценти од возрасните Американци редовно пијат кафе без кофеин, новите правила на Агенцијата за заштита на животната средина на САД (EPA) предизвикаа загриженост кај потрошувачите и еколошките организации: дали кафето без кофеин навистина е безбедно за здравјето?

Метилен-хлорид: центарот на контроверзата

Главната загриженост се однесува на методот кој најчесто се користи за декофеинизација – употребата на метилен-хлорид. Оваа хемикалија, порано присутна во лепила и средства за отстранување боја, е поврзана со зголемен ризик од рак и други штетни ефекти. Поради тоа, EPA неодамна ја забрани повеќето комерцијални намени на метилен-хлорид.

Но, оваа забрана не важи за храна, бидејќи тоа е надлежност на американската Управа за храна и лекови (FDA). Според актуелните прописи, FDA дозволува употреба на метилен-хлорид во кафе сè додека остатоците не надминуваат 10 делови на милион (ppm) во печените зрна.

Директорот на Американската асоцијација за кафе, Вилијам Мари, изјави дека нема докази оти кафето без кофеин предизвикува здравствени проблеми.
Од друга страна, Еколошкиот фонд за одбрана и други организации бараат целосна забрана, бидејќи „за канцерогена супстанција нема безбедна количина“. Во јануари 2025, тие поднесоа официјално барање до FDA за забрана на метилен-хлорид во процесот на декофеинизација.

Како функционира декофеинизацијата?

Сите методи почнуваат со потопување на суровите зелени зрна во топла вода или пареа – тоа ги отвора порите и ослободува кофеин. Потоа, кофеинот се вади со растворувачи, најчесто: Метилен-хлорид – ефективен, но токсичен и етил-ацетат – природно присутен во овошјето, но индустриски произведен.

Според професорката Тонја Кул од Универзитетот Калифорнија, по декофеинизацијата зрната се сушат и пржат на температури над 200°C, кога повеќето растворувачи испаруваат. Сепак, мали количини може да останат. Организацијата Clean Label Project тестирала различни брендови и нашла траги од метилен-хлорид, но сите биле под дозволениот лимит.

Алтернативни методи без хемикалии

Постојат и методи без растворувачи: Swiss Water Process – користи само вода и активен јаглен; еколошки и безбеден, но скап; користен во само 15% од светското производство на „дикеф“ кафе. Суперкритичен CO₂ – под висок притисок, CO₂ го вади кофеинот, без да ги наруши ароматите. Ефикасен, но скап метод. Индиректна метода – се обработува водата во која биле потопени зрната, па потоа се враќа вкусот. Според студија од 1999 година, речиси целосно ги елиминира остатоците од растворувачи.

За жал, во САД и многу други земји, производителите не се обврзани да наведат кој метод го користеле. Некои користат ознаки како „chemical-free“, „naturally decaffeinated“ или „solvent-free“, но тоа не е секогаш гаранција.

Само Swiss Water Process е јасно обележан, па ако сакате да избегнете хемикалии, барајте кафе со таа ознака.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни