Дали има „скриен град“ под египетските пирамиди?

Жестока дебата избувна меѓу египтолозите откако истражувачите тврдеа дека пронашле „подземен град“ под пирамидите во Гиза. Дали откритието, засновано на радарски слики е револуционерно или претерано?

Италијанските истражувачи, предводени од проф. Корадо Маланга од Универзитетот во Пиза, велат дека откриле огромна подземна мрежа под египетските пирамиди.

Тие тврдат дека радарските снимки покажуваат масивни вертикални шахти, спирални скали, канали кои личат на цевководи за воден систем и скриен свет на структури на повеќе од 2.000 стапки (610 метри) под површината. Тие дури сугерираат дека во овој подземен комплекс би можела да биде и легендарната Сала на записи, наводна библиотека поврзана со древните египетски навики.


„Кога ќе ги зголемиме сликите, ќе откриеме дека под него се крие она што може да се опише само како вистински подземен град“, рече тимот на прес-конференција.

Но, сите експерти не се убедени во ова. Експертот за радари, професор Лоренс Конјерс од Универзитетот во Денвер тврдењата ги нарече „огромно претерување“, наведувајќи дека користената технологија – радарски импулси од сателит, слично на тоа како сонарниот радар се користи за мапирање на океанот, не може да навлезе толку длабоко во земјата.

Говорејќи за Дејли Меил, тој истакна дека се сомнева во идејата за подземен град, но призна дека може да се најдат помали структури под пирамидите, нагласувајќи дека „Маите и другите народи во древна Мезоамерика често граделе пирамиди на врвот на влезовите во пештерите кои имале церемонијално значење за нив“.

На сличен начин, египетскиот археолог д-р Захи Хавас за The National изјавил дека истражувачите „целосно не се во право“ и тврди дека нивното таканаречено откритие нема каква било научна основа.

Работата на професорот Маланга и колегите истражувачи Филипо Бионди и Армандо Меи беше дискутирана за време на брифингот во Италија минатата недела, но наодите на научниците допрва треба да бидат објавени во рецензирано списание.

Тимот се концентрираше на пирамидата Кафре, една од трите пирамиди во комплексот Гиза, заедно со пирамидите Куфу и Менкауре. Се верува дека овие иконски градби биле изградени пред околу 4.500 години и се наоѓаат на западниот брег на Нил во северен Египет.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни