Што претставува дигитално одбивање?
„Дигиталното одбивање е чувство дека сте игнорирани, исклучени или потценети преку онлајн интеракција – како што се непрочитани пораки, исклучување од групни разговори или кога некој го следи вашиот профил, но никогаш не реагира“, објаснува Дејвис за Newsweek. „Психолошката болка од ова може да биде исто толку силна како кога некој ве игнорира во живо.“
Темата доби внимание благодарение на една објава на Инстаграм, каде што корисник сподели белешка со листа од суптилни знаци на социјално одбивање на интернет – малку лајкови, прифаќање на следење без да ве следат назад, па дури и незаинтересирани одговори на е-пошта.
Три знаци дека сте дигитално одбиени:
- Кратки, незаинтересирани пораки во групни четови, додека другите активно комуницираат.
- Исклучување од онлајн настани, групи или заеднички проекти.
- „Тивки набљудувачи“ – луѓе кои редовно ги гледаат вашите стории и објави, но никогаш не реагираат, не коментираат, не ставаат лајк.
Ова однесување, вели Дејвис, може да предизвика зголемено чувство на осаменост, отуѓеност и дури анксиозност.