Дали и Германија ќе ги забрани социјалните мрежи за млади под 16 години?

Повеќе од половина од германските граѓани ја поддржуваат можноста за забрана на користење социјални мрежи за лица помлади од 16 години, покажува истражување спроведено од институтот „Инса“ за неделното издание на весникот Билд.

Според анкетата, 60 отсто од испитаниците се изјасниле во корист на ваква забрана, додека 24 отсто се против. Околу 10 проценти навеле дека темата не ги интересира, а шест проценти не одговориле или изјавиле дека не се сигурни.

Истражувањето е објавено во период кога Австралија оваа недела воведе нови правила со кои се ограничува пристапот до социјалните мрежи за помладата популација.

Од 10 декември, децата и тинејџерите помлади од 16 години во Австралија повеќе не смеат да имаат кориснички профили на голем број популарни платформи, меѓу кои Инстаграм, ТикТок, Снепчет, Фејсбук, Јутјуб, Икс, Редит и Твич.

Контроверзниот закон беше усвоен кон крајот на 2024 година, а сега официјално стапи во сила.

Анкетата на институтот „Инса“ била спроведена во Германија на 11 и 12 декември, при што биле анкетирани 1.003 испитаници.

Извор: Index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни