Дали е зад нас златната ера на паметни часовници? Продажбата бележи пад, купувачи сè помалку

Глобалната продажба на паметни часовници првпат забележа пад откако станаа мејнстрим.

Продажбата на Apple опадна за 19%, а Кина по првпат ја престигна Индија и Северна Америка по бројот на продадени уреди.

Овој пад на продажбата сигнализира дека интересот за паметните часовници постепено опаѓа. Причините се различни, но најчесто се споменуваат проблеми со траењето на батеријата и недостаток на нови иновации во дизајнот.


Покрај тоа, иако остануваат популарни меѓу одредени корисници, паметните часовници не успеаја да го задржат трендот на брзо растечко прифаќање кај пошироката јавност.

Ќе успеат ли брендовите да најдат нови начини да го обноват интересот за овие уреди? Периодот на брз раст, за сега, изгледа заврши.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни