Дали е вистина дека природната сол е поздрава од обичната кујнска сол?

Не баш, велат експертите. Иако солите како морска сол, хималајска розова сол или fleur de sel (сол од морска пена) се доживуваат како “поприродна” или “премиум” алтернатива на обичната кујнска сол, нивните здравствени предности се преценети.

Благодарение на готвачите од телевизија и маркетиншките трикови, се создаде впечаток дека овие солени кристали се „поздрави“ бидејќи се помалку обработени и содржат микроелементи како калиум и магнезиум. Но, вистината е дека нивната хранлива вредност е речиси занемарлива.

„Количините магнезиум или калиум во овие соли се смешно мали,“ вели Сонја Помбо, нутриционист и истражувач во организацијата Action on Salt во Велика Британија.

„Ако сакате микронутриенти – изедете едно овошје. Не се залажувајте дека некаква скапа сол ќе ви го подобри здравјето.“

Премногу сол – вистинскиот проблем

Главниот проблем не е кој вид сол користиме – туку колку сол воопшто консумираме. Според препораките во Велика Британија, возрасните не треба да внесуваат повеќе од 6 грама сол дневно (околу една кафена лажичка). Но реалноста е дека просечниот внес е за околу 40% повисок од препорачаното.

„Можеме да преживееме – и да бидеме здрави – и со само 1 грам сол на ден,“ вели Помбо.

Високиот внес на сол е поврзан со покачен крвен притисок, а тоа пак го зголемува ризикот од срцеви заболувања, мозочен удар, проблеми со бубрезите и остеопороза. Иако електролитските пијалаци можат да бидат корисни во специфични ситуации (на пример, по повраќање или кај професионални спортисти со намалена исхрана), за повеќето луѓе тие не се потребни – напротив, повеќето веќе внесуваат прекумерни количини натриум.

Која сол е “подобра”?

Ако навистина барате поздрав избор, единствениот вид што може да се смета за “подобар” е нисконатриумска сол (low-sodium salt), која делумно го заменува натриумот со калиум.

Најдобриот совет:
– Постепено намалувајте ја количината сол во исхраната
– Гответе дома почесто
– Внимавајте на скриената сол во преработени производи како леб, сосови, супи и готови јадења

Извор: The Guardian

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни