Туширањето помага да се отстранат нечистотиите, потта и маснотиите од кожата, како и прашината и поленот што се лепат преку ден. Ако не се истушираме навечер, овие материи завршуваат на чаршафите и перниците. Топлиот туш пред спиење, пак, може да помогне за полесно заспивање, бидејќи падот на телесната температура по туширањето испраќа сигнал дека е време за одмор.
Сепак, експертите предупредуваат дека ноќното туширање има смисла само ако редовно се перат постелнината и перниците. Во спротивно, потта и мртвите клетки создаваат средина за бактерии, грини и габи, кои можат да предизвикаат алергии и проблеми со дишењето.
„Веројатно е поважно редовното перење на чаршафите отколку дали се туширате навечер,“ вели д-р Холи Вилкинсон од Универзитетот во Хул.
Утринското туширање, пак, ја отстранува потта и микробите наталожени во текот на ноќта, оставајќи не со чувство на свежина преку ден.
На крај, експертите заклучуваат: ако се туширате еднаш дневно, најважно е редовно да ја одржувате хигиената – без разлика дали тоа е наутро или навечер. А за одржување на здравјето, доволно е целосен туш два до три пати неделно, со секојдневно миење на клучните делови од телото.
Извор: BBC