Веројатно сте слушнале многу пати „Не излегувај надвор во зима со мокра коса или без капут, ќе се разболиш“. Тоа не е целосно точно, бидејќи реалноста е посложена, пренесува Science Alert.
Ладното време не е причина за настинка. Но, вистина е дека ладното време го олеснува заразувањето со респираторни вируси како што се оние кои предизвикуваат грип..
Истражувањата исто така покажуваат дека пониските температури се поврзани со поголеми стапки на заболување од ковид-19.
Многу вируси, вклучувајќи го риновирусот – обичниот виновник за настинка, грип и SARS-CoV-2, вирусот кој предизвикува ковид-19, остануваат инфективни подолго и побрзо се размножуваат на пониски температури и пониски нивоа на влажност.
Тоа, заедно со фактот што луѓето минуваат повеќе време во затворен простор и во близок контакт со други луѓе во текот на ладното време, се уобичаени причини поради кои микробите полесно се шират.
Грипот и респираторниот синцицијален вирус, или RSV, имаат тенденција да имаат дефинирани есенски и зимски сезони.
„Меѓутоа, поради појавата на нови варијанти на корона вирусот и стекнатиот имунитет од претходни инфекции, како и вакцинацијата, корона вирусот не е типичен респираторен вирус за ладно време. Како пример, се наведува стапката на инфекција со овој вирус која расте секое лето од 2020 година“, вели Либи Ричардс, професорка по медицинска нега на Универзитетот Пјурду.
Ладното време може да ја промени надворешната мембрана на вирусот на грип, правејќи ја поцврста и еластична. Научниците веруваат дека токму таа еластичност и мембрана која станува слична на гума, го олеснува преносот на вирусот од една личност на друга.
Меѓутоа, проблемот не е само ладниот зимски воздух. Воздухот кој е сув во комбинација со ладно време е поврзан со појава на грип. Тоа е затоа што сувиот зимски воздух дополнително му помага на вирусот на грип да остане заразен подолго.
Сувиот воздух, кој е вообичаен во зима, предизвикува течноста која се наоѓа во респираторните капки да испарува побрзо. Тоа резултира со помали честички кои можат подолго да траат и да патуваат подалеку по кашлање или кивање.
Од голема важност е и како нашиот имунолошки систем реагира во текот на ладното време. Вдишувањето ладен воздух може негативно да влијае на имунолошкиот одговор во вашите респираторни патишта, што ги олеснува вирусите да се задржат.
Затоа, носењето шал на носот и устата може да помогне во спречување на настинка, бидејќи го загрева воздухот кој го вдишувате.
Исто така, повеќето луѓе добиваат помалку сончева светлина зиме. Тоа е проблем бидејќи сонцето е главен извор на витамин D, кој е неопходен за здравјето на имунолошкиот систем. Физичката активност, уште еден фактор важен за општото здравје, исто така има тенденција да опаѓа зиме.
Луѓето три пати почесто го одложуваат вежбањето при ладни услови и кога паѓа снег.
Наместо физичка активност на отворено, луѓето минуваат повеќе време во затворени простории. Тоа обично значи поблизок контакт со други, што доведува до полесно ширење на болестите. Респираторните вируси најчесто се шират на растојание од три метра од заразената личност.
Покрај тоа, ниските температури и ниската влажност го исушуваат воздухот и слузокожата во носот и грлото. Пошто вирусите кои предизвикуваат настинка, грип и коронавирус најчесто се вдишуваат, вирусот може полесно да се приклучи на таквите оштетени, исушени „премини“.
Суштината е дека ладните и влажни временски услови не ве прават болни. Имајќи го тоа предвид, постојат стратегии кои помагаат во спречување на болестите цела година. Во нив спаѓа често миењето на рацете.
„Избегнувајте да го допирате лицето, бидејќи тоа е нешто што луѓето го прават помеѓу 9 и 23 пати на час. Потоа, останете хидрирани. Осум чаши вода дневно е добар цел, но тоа може да биде помалку или повеќе во зависност од стилот на живот и телесната тежина. Избирајте оброци со добро избалансирани видови намирници. Темнозеленото, лиснато зеленчук е богато со витамини кои го поддржуваат имунолошкиот систем, додека јајцата, млекото, лососот и тунијата се важен извор на витамин D“, советува професорката Ричардс.
Таа додава дека важен е и редовниот и квалитетен сон, хигиената, како лична така и онаа која се однесува на ранителните места и домот. Со вакцинација по претходна консултација со избраниот лекар, овие совети можат да помогнат да се преживее зимската сезона на вируси.