Министерството за земјоделство на САД и другите агенции се согласуваат дека топлата храна може – и во многу случаи, дури и треба веднаш да се стави во фрижидер.
Експертите се согласуваат дека најбезбедниот начин за ладење топла храна е да се подели на помали порции кои брзо ќе се оладат. Ако е можно, најпрво покријте ги само лабаво за да ја оставите пареата да излезе пред да ги запечатите цврсто. Според Управата за храна и лекови, во тој момент е безбедно да се преместува дури и топла храна директно во фрижидер (максимум во рок од два часа или еден час кога температурата на околината е над 90 степени целзиусови), се додека има простор за ладен воздух да циркулира околу храната.
Но топла храна не би требало да се стави директно во замрзнувачот. На тој начин храната ќе изгуби дел од хранливите состојки и се разбира, кога ќе ја одмрзнете повторно, ќе има поинаков вкус.
Имајќи предвид дека ни претстојат новогодишните и божиќните празници, поголемо ќе биде и количеството на храна коешто ќе треба да го складираме во фрижидер. Во оваа насока, познавачите советуваат да го преуредиме нашиот фрижидер и да ги извадиме намирниците коишто не се расипуваат ако ги чуваме на собна температура. Некои од нив, на пример се, неотворените тегли со кисели краставички, кечап, овошје или путер од кикирики.