Дали црвеното вино навистина има здравствени придобивки? 

Црвеното вино често е незаменлив дел од празничните прослави, на вечерите со пријателите или, пак, во тивките моменти поминати дома кога немате желба да излезете. Неговиот богат вкус со различни ноти дава топло чувство кое многу луѓе го сакаат, особено во постудените месеци. Но, дали црвеното вино навистина носи здравствени придобивки?

Иако црвеното вино, како и секој друг алкохол, може да предизвика пријатно расположение, неговиот ефект врз физичкото здравје не е ништо помал од оној на другите алкохолни пијалоци, објаснува д-р Џозеф Меркола, лекар остеопат.

– Црвеното вино содржи антиоксиданси, но тие не се доволни за да се надминат здравствените ризици кои ги носи алкохолот – вели д-р Меркола.

Како црвеното вино стана „здрав алкохол“

Репутацијата на црвеното вино како здрав алкохол датира од крајот на 20 век, објаснува д-р Меркола.

– Идејата најмногу се поврзува со таканаречениот „француски парадокс“ од 1980-тите, кога истражувачите забележале дека Французите имаат помала стапка на срцеви заболувања и покрај исхраната богата со масти. Тие претпоставуваа дека пиењето црвено вино има заштитна улога, што предизвика децениско истражување на неговите состојки, особено ресвератролот, вели тој.

Со текот на времето, заклучоците беа поедноставени и пренагласени, што доведе до денешната репутација на црвено вино.

– Новите истражувања покажуваат дека не постои безбедна количина на алкохол. Дури и мали количини го зголемуваат ризикот од рак и предизвикуваат оштетување на ДНК – предупредува д-р Меркола. 

Еве некои ризици поврзани со алкохолот:

Претворање во канцерогени материи

Етанолот или етил алкохолот, клучната состојка на алкохолните пијалоци, влегува во крвотокот и се претвора во ацеталдехид – познат канцероген.

Нарушување на невротрансмитерите

Дури и краткотрајното пиење алкохол има големо влијание врз невротрансмитерите во мозокот, кои влијаат на расположението. Алкохолот, како депресив, ја нарушува рамнотежата помеѓу процесите во мозокот, па додека се чувствувате еуфорично, вашата ментална функција всушност опаѓа.

Зголемување на воспалението

Алкохолот може да го влоши воспалението во телото, особено ако се зема во големи количини. Со црвеното вино, кое ги шири крвните садови, ова може да предизвика дополнително воспаление во цревата и кожата.

Иако една чаша вино може да ви помогне да заспиете, претераното уживање има негативно влијание врз квалитетот на сонот. Алкохолот го намалува РЕМ спиењето и ги влошува проблемите со спиењето.

Нарушена функција на црниот дроб

Познато е дека алкохолот има негативен ефект врз црниот дроб. Редовното пиење може да доведе до акумулација на маснотии, воспаление и лузни, што го зголемува ризикот од сериозни заболувања на црниот дроб.

Дали постои безбеден начин да се пие алкохол?

Иако секое количество алкохол може да биде штетно, свесното и умереното консумирање може да помогне да се намали ризикот.

– Ако сакате црвено вино поради неговите наводни здравствени придобивки, обидете се да ги добиете потребните хранливи материи од храна како што се: грозјето, бобинките и другото обоено овошје и зеленчук. Овие извори даваат придобивки без негативните последици од алкохолот – препорачува д-р Меркола.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни