Дали богатите земји ќе плаќаат 300 милијарди долари годишно што ги ветија на COP29?

На неодамнешниот Самит за климатски промени COP29, богатите развиени земји се обврзаа да плаќаат по 300 милијарди долари годишно (285 милијарди евра) до 2035-та година на посиромашните нации за да им помогнат да се справат со влијанијата на климатските промени.

Вкупно, има 23 економии – вклучувајќи ги Обединетото Кралство, ЕУ и САД – за кои се смета дека се доволно финансикси моќни за да им помогнат на земјите во развој.

Богатите земји генерално го поздравија договорот како позитивен чекор во вистинската насока. Еврокомесарот за клима, Вопке Хоекстра, рече дека тоа е „нова ера за финансирање на климата“ која постави „амбициозна и реална цел“. Земјите во развој, пак, остро го критикуваа овој договор, нарекувајќи го жално неадекватна „шега“.

Засега, ниту една земја сè уште не посвети конкретна сума за новото ветување. Швајцарскиот министер за животна средина Алберт Рости рекол дека Швајцарија нема да издвојува дополнителни средства. Тој додал и дека земјата во моментов работи на реструктуирање на своите финансии и не очекува да користи повеќе јавни средства согласно со договорот на COP29.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни