Дали би сакале да имате златен ретривер? Еве на што треба да бидете подготвени

Златните ретривери се една од најприврзаните раси на кучиња, а најдобар доказ за тоа е видеото кое Луси Маргуљо го сподели на нејзиниот профил на TikTok.

Маргуљо и нејзиниот партнер се сопственици на златни ретривери Зена и Фин, а животот со домашните миленици понекогаш е вистински предизвик за нив, бидејќи нивните кучиња не им даваат мир. Четиригодишниот Фин е најголемиот виновник, бидејќи одбива да ги остави сопствениците, дури и кога тие се занимаваат со домашни работи, како што се бојадисување на ѕидовите или уредување.

Иако е тешко да ги решите сите обврски со Фин, Маргуљо во едно интервју изјавила дека е благодарна на својот миленик бидејќи со него и досадните работи стануваат забавни, пренесува Newsweek.

Нејзиното видео на TikTok го погледнале повеќе од 113 илјади луѓе.

„Слатки кучиња“, „Би сакал да имам вакви проблеми“, „Тие се најдобри кучиња, имам златен ретривер“, „Слатко“, се само дел од коментарите што корисниците на TikTok ги оставија под објавата.

Извор: index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни