Дали групата Оasis ќе оди на европска турнеја?

Иако од официјалните датуми, може да се види дека нивните концерти не се планирани за Европа, се зборува за можни термини за бендот во Рим, што ги крена очекувањата и надежите на фановите за европска концертна турнеја, но тие сепак остануваат под знак прашалник.

Повторното обединување на една од најпознатите групи на сите времиња, групата Оаsis, беше една од најзначајните вести за љубителите на нивниот звук во последно време. Иако неочекувана вест, таа обедини фанови од сите делови на светот кои низ годините ја слават нивната музика и го прославуваат нивниот талент.

Иако од официјалните датуми на групата Oasis, може да се види дека нивните концерти не се планирани за Европа, се зборува за можни термини за бендот во Рим, што ги крена очекувањата и надежите на фановите за европска концертна турнеја, но тие сепак остануваат под знак прашалник.

Влијанието на одлуките на бендовите поврзани со европските тури во последно време, особено по пандемијата се поврзани со свесноста за дополнителните трошоци, ситуацијата со Брегзит и дополнителните логистички тешкотии на Европската Унија.

Интересно е што менаџерот на групата Oasis, Алекс Мекинли, претходно изјави дека нема да има дополнителни датуми, и дека ова е „последна шанса“ за фановите да ги видат во живо. Но, Лиам Галагер го демантираше тоа, велејќи дека само тој и Ноел ги носат одлуките за иднината на бендот.

Засега, европските фанови можат само да се надеваат дека ќе се појави „Champagne Supernova“ на небото и дека ќе бидат додадени нови датуми.

Иако, фановите низ целиот свет долго сонуваа за обединување на групата Оasis, се чини дека европската турнеја во моментов е прашање за кое нема конкретен одговор. Еден од најпознатите светски бендови, кој со своите хитови направи голем бум во светската музика и остави траен белег, ја слави триесет годишнината од албумот ,,Definitely Maybe” со веќе закажани настапи за јули и август. Нивната голема „Live ’25“ турнеја започна во јули во Кардиф и продолжи низ Манчестер, Лондон, Единбург и Даблин, а потоа следуваат настапи во Северна и Јужна Америка, Австралија, Јапонија и Јужна Кореја.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни