Дали барел нафта наскоро ќе чини над 100 долари?

Од Голдман Сакс велат дека глобалните цени на нафтата би можеле да ја надминат границата од 100 долари за барел во рок од неколку дена и да достигнат 150 долари за барел до крајот на месецот

Светот е во исчекување на понеделник наутро кога се отвораат светските берзи на енергенси во период кога ескалира војната помеѓу Иран од една и Израел и САД од друга страна.

Последната недела цената на суровата нафта енормно порасна а во петокот на затворањето на берзите барел Брент сурова нафта чинеше над 92 долари за барел.

Меѓународни експерти и организации оценуваат дека по затворањето на Ормутскиот теснец и пореметување на синџирот на понуда и побарувачка, барел нафта веќе од следната недела може да ја пробие границата од 100 долари за барел.

Цена од 150 долари за барел веќе до крајот на месецот?

Такво предупредување даде и познатата банка Голдман Сакс од каде велат дека глобалните цени на нафтата би можеле да ја надминат границата од 100 долари за барел во рок од неколку дена и да достигнат 150 долари за барел до крајот на месецот, ако не се најде решение за сериозното нарушување на протокот на сурова нафта низ Ормутскиот теснец.

Претходно, слична прогноза дадоа и катарските власти кои предупредија дека ако војната продолжи барел нафта за неколку недели ќе чини и 150 долари.

Катар го намали производството на нафта, а претходно целосно го запре производството на природен гас.

Поради војната на Блискиот исток намалено производство има и во ОАЕ и во Кувајт, како и во самиот Иран кој е учесник во војната.

Меѓународниот референтен ценовен праг кусо се качи на над 120 долари за барел во 2022 и достигна рекордни 145 долари во 2008 по што и во двата случаи имаше страшни последици за глобалната економија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни