САД се подготвени да се повлечат од мировните преговори за Украина во наредните денови, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио.
Загрижувачката реторика доаѓа по вчерашната средба со европските партнери во Париз. Рубио утринава изјави од француската престолнина дека САД ќе се откажат од обидите за посредување помеѓу Русија и Украина ако во следните неколку дена не се појават јасни знаци на напредок.
„Мора многу брзо да утврдиме – зборувам за нешта што треба да се решат во рок од неколку дена – дали овој мировен договор е остварлив во блиска иднина. Ако не е, мислам дека едноставно ќе продолжиме понатаму,“ рече Рубио.
Тој додаде дека иницијативата нема да продолжува со недели и месеци без јасен исход.
Највисокиот американски дипломат истакна и дека претседателот Доналд Трамп сè уште е заинтересиран за постигнување мир, но дека САД имаат и други приоритети низ светот.
„Мораме брзо да утврдиме – зборувам буквално за неколку дена – дали ова е остварливо во следните недели. Ако е, тука сме. Ако не, имаме други приоритети на кои мора да се фокусираме“, додаде Рубио.
Трамп вчера изјави дека смета оти примирјето е „блиску“, и дека се очекува Москва наскоро да се изјасни за последната понуда.
(Telegraf.rs)