Дали Александар Велики бил геј? Документарната серија на Нетфликс предизвика дебата

Можеби ќе се изненадите кога ќе дознаете дека сексуалниот живот на освојувач од историјата е на насловните страници во 2024 година. Документарниот филм на Нетфликс Александар Велики: Создавањето на Бог предизвика бурни реакции во јавноста поради прикажувањето на Александар во романтична врска со неговиот машки придружник Хефестион.

Александар Македонски (356–323 п.н.е.) го поминал својот краток живот преземајќи огромни воени чекори. Тој го поразил персискиот крал Дариј III и создал империја која се протегала од Европа до Египет, Западна и Централна Азија, па сè до Индија.

Серијата од шест епизоди се занимава со некои интересни прашања за животот на освојувачот преку драматизирани сцени и коментари од голем број експерти. Но сепак, прикажувањето на сексуалноста на Александар е она што предизвика најголема возбуда.

Во серијата, неговиот најблизок придружник – Хефестион ветува дека ќе биде покрај Александар „до горчливиот крај“. Експертите потоа забележуваат дека двајцата веројатно биле повеќе од само блиски пријатели.

Дури и грчката министерка за култура, Лина Мендони, зборуваше на темата, инсистирајќи на тоа дека историските извори не нудат докази дека односот оди „надвор од границите на пријателството“.

Иако античките докази сугерираат дека парот бил особено близок, реконструкцијата на минатото сеуште не е јасна во целост. Повеќето преживеани антички автори всушност пишувале векови по смртта на Александар и честопати имале свои интерпретации на настаните. Па затоа ова тврдење претсавува уште поголем предизвик за откривање на вистината.

Извор: https://cyprus-mail.com/2024/02/29/a-new-netflix-doco-shows-alexander-the-great-as-queer-and-some-viewers-arent-happy/

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни