Далеку од порно филмовите: Колку трае идеалниот секс

Кога се зборува на тема секс, очекувања и реалноста може да се најдат на две спротивни страни на спектарот.

Резултатите од една неодамна спроведена глобална анкета за просечното траење на „акцијата под чаршави“ се совршен пример за тоа.

Истражувањето што го спроведе веб страницата за запознавање SaucyDates.com од Велика Британија, опфати 3.836 мажи и жени.

Испитаниците одговарале на прашањето колку долго би сакале да трае една партија сек (само сексот, без предиграта).

Жените во просек одговориле дека за нив, идеалниот секс би траел 25 минути и 51 секунда. Мажите во просек рекле дека за нив идеалната минутажа е 25 минути и 43 секунди.

Меѓутоа, овие речиси идентични бројки не соодветствуваат на реалната ситуација во спалната соба.

Во просек, сексот трае околу 16 минути, покажа истражувањето.

Резултатите биле поделени по држави: во САД и мажите и жените „останале во игра“ 17 минути и 5 секунди, Канаѓаните се следни со точно 17 минути, па следат Британците кај кои просечниот секс траел 16 минути и 58 секунди.

Според истото истражување, мажите во нивните 30-ти години се најиздржливи и имаат подобри „резултати“ и од постарите, поискусни, но и од помладите мажи.

Извор: direktno.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни